MK

Содржина

ПОИМНИК

(содржи стандардизирани термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги поврзани со платежна сметка)

1

1. Одржување на платежна сметка

Давателот на платежните услуги одржува платежна сметка за потрошувачот со цел да му овозможи нејзино користење. Банката преку платежната сметка ќе извршува платежни трансации и услуги за уплати и исплати или кредитни трансфери на средства во согласност со расположливите парични средства на сметката.

2. Онлајн користење на услуги поврзани со платежна сметка

Давателот на платежни услуги му овозможува на потрошувачот користење на услугите поврзани со платежна сметка преку интернет, или со мобилна апликација.

3. Кредитен трансфер во денари во земјата

Потрошувачот дава инструкција на Банката која што ја одржува неговата платежна сметка да изврши пренос на парични средства од неговата платежна сметка во корист на друга сметка, во денари.

4. Кредитен трансфер во евра во странство

Потрошувачот дава инструкција на Банката која што ја одржува неговата платежна сметка да изврши пренос на парични средства од неговата платежна сметка во корист на друга сметка во странство, во евра.

5. Кредитен трансфер во валута различна од евро во странство

Потрошувачот дава инструкција на давателот на платежни услуги којшто ја одржува неговата платежна сметка да изврши пренос на парични средства од неговата платежна сметка во корист на друга сметка во странство, во валута различна од евро.

6. Прилив од странство

Банката прима парични средства со кредитен трансфер од странство, со цел соодветниот износ на парични средства да се пренесе и стави на располагање на потрошувачот.

ПОИМНИК

(содржи стандардизирани термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги поврзани со платежна сметка)

7. Траен налог

Банката, во согласност со инструкција на потрошувачот, извршува редовни кредитни трансфери на фиксни/определиви износи на парични средства од платежната сметка на потрошувачот во корист на друга сметка.

8. Издавање на дебитна картичка

Банката издава платежна картичка која е поврзана со платежната сметка на потрошувачот. За износот на секоја платежна трансакција направена со употреба на дебитната картичка, директно и во целост се намалува состојбата на расположливите парични средства на платежната сметка на потрошувачот, во коишто е вклучено дозволеното пречекорување.

A logo for Capital Bank is displayed in orange and white.

AI generated content

2

9. Издавање на кредитна картичка

Банката издава платежна картичка која е поврзана со платежната сметка на потрошувачот. Вкупниот износ на трансакциите извршени со картичка на договорениот датум во целост или делумно се задолжува од платежната сметка на потрошувачот. За искористениот износ давателот на платежните услуги може да пресмета и наплати камата во согласност со договорот за издавање и употреба на кредитна картичка, склучен со потрошувачот.

10. Повлекување готовина

Потрошувачот подигнува готовина од неговата платежна сметка на благајна во експозитурите на Банката, на банкомат во Република Северна Македонија и во странство од дебитна картичка. Потрошувачот подигнува готовина на банкомат во Република Северна Македонија и од странство од кредитна картичка.

11. Дозволено пречекорување

Врз основа на договорот за дозволено пречекорување, Банката на платежната сметка на потрошувачот го става на располагање договорениот износ на средства што потрошувачот може да го користи кога на платежната сметка нема веќе сопствени парични средства. Договорот за дозволено пречекорување го одредува максималниот износ на паричните средства што потрошувачот може да ги позајми, како и надоместоците и каматите, доколку тие се наплатуваат од страна на Банката.

A logo for Capital Bank is displayed in orange and white.

AI generated content