MK

Содржина

ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ МОНА

  1. Дефиниции
  • Капитал Банка АД Скопје – давател на платежни услуги
  • МОНА – мобилна апликација за платежни услуги
  • Корисник – физичко лице кое е има регистрирано корисничка сметка за користење на МОНА
  1. Што е МОНА?

MONA е мобилна апликација за iOS и Android паметни телефонски уреди во Република Северна Македонија, наменета за клиенти физички лица на Капитал Банка АД Скопје. МОНА е сигурна дигитална платформа која нуди финансиски услуги кои опфаќаат креирање на електронски идентитет на далечина, отварање и користење на платежна сметка во денари и виртуелна и/или физичка платежна картичка. Апликација е целосно бесплатна за превземање, инсталација и користење.

МОНА е развиена во рамките на Капитал Банка АД Скопје. За користење на МОНА не треба претходно Корисникот да биде постоечки клиент на Капитал Банка АД Скопје. Со регистрација на МОНА, Корисникот станува клиент на Капитал Банка АД Скопје.

На македонскиот пазар Капитал Банка АД Скопје постои долги години и работи согласно сите потребни дозволи. Супервизија и надзор на работењето на Банката прави Народна Банка на РСМ, во согласност со сите Законски прописи со кои се уредува работењето на Банките. Дополнителни информации поврзани со дозволите за работа на Капитал Банка АД Скопје може да се најдат на web страната на НБРСМ. Контакт податоци на Капитал Банка АД Скопје се:

Капитал Банка АД Скопје
Ул. Никола Кљусев бр. 1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: + 389 2 3102 500, Фах: + 389 2 3102 596
Web site: capitalbank.com.mk
e-mail: info@capitalbank.com.mk

Дел 2: За Корисникот

Регистрација на МОНА, може да направи Корисник кој ги исполнува следните услови:

  • Да биде физичко лице

  • Да биде постар/а од 18 години

  • Да биде граѓанин на Република Северна Макдеонија

  • Да има македонски мобилен телефонски број

  • Мобилниот уред кој ќе биде користен за регистрација да исполнува технички предуслови (дел 3)

  • Да ги прочита и прифати Општите правила и услови за користење на апликацијата и Политиката за приватност

    Дел 3: Технички предуслови

Обврска на Корисникот е да обезбеди прикладен мобилен телефон и пристап до интернет. Користење на програмски решенија на производителот на мобилниот телефон и услугите поврзани со пристап до интернет се одговорност на Корисникот. Доколку МОНА се користи со поддршка на мобилна интернет мрежа, корисникот треба да биде свесен за можни дополнителни трошоци поврзани со мобилниот уред по основ на настанат интернет промет или било кои други трошоци, кои Корисникот треба да ги покрие сам.

Прикладен мобилен телефон подразбира:

  • Инсталирана и ажурирана верзија на оперативен систем iOS или Android, не постара од 48 месеци
  • За сите уреди важечки број на телефон издаден од оператор во РСМ
  • Пристап до интернет
  • Исправна камера

За сите мобилни уреди задолжително е редовно да се прави ажурирање на оперативниот систем и на сите сигурносни поставки.

Дел 4: Download на апликацијата

Апликацијата МОНА е достапна за download (симнување) исклучиво на официјални апликации за тргување (Play store):

  • Google Play за Android уреди
  • AppStore за iOS уреди

Директен линк за поврзување со овие апликации може да се најде на web страната на МОНА: www.mona.com.mk.

Овие две официјални апликации за тргување се единствените места од каде може да се симне апликацијата. Секое друго место кое нуди download (симнување) на МОНА апликацијата не е сигурно и наш совет е никако да не се симнува, превзема и инсталира апликацијата од друго место. Постои голема веројатност таквите апликации да содржат опасен код кој потенцијално може да го оштети уредот на Корисникот, да украде осетливи информации и податоци и слично. Во случај сепак Корисникот да одлучи да посети такви страници, да симне, инсталира или користи таква апликација, во потполност превзема одговорност за сите последици кои би можеле да настанат.

Дел 5: Регистрација во апликацијата МОНА

При регистрација на апликацијата МОНА треба да се внесат следниве податоци:

  • Важечки мобилен телефонски број издаден од оператор во РСМ
  • Точно име и презиме
  • Точна e-mail адреса

Точен телефонски број и ПИН

Во процесот на регистрација задолжително треба да се внесе важечки и точен број на мобилен телефон издаден од оператор во Република Северна Македонија. Телефонскиот број кој Корисникот ќе го внесе мора да се потврди со внес на код. Кодот ќе биде автоматски пратен како СМС ОТП порака на истиот мобилен телефонски број. На овој начин се потврдува дека личноста која започнала процес на регистрација е Корисник на внесениот телефонски број.

Ако се внесе погрешен телефонски број, Корисникот нема да добие СМС ОТП код за потврда, и нема да може да се продолжи процесот на регистрација.

По внес на точен код од СМС пораката, Корисникот треба да креира и да потврди свој единствен Passcode (ПИН). Со овој број се заштитува пристапот на МОНА за секој Корисник и сите податоци кои за него ги содржи апликацијата. Повеќе информации за Passcode бројот може да се најдат во Дел 8.

Точно име и презиме

Во процесот на регистрација, Корисникот мора да се внесе точно име и презиме.

За пријава и користење на оваа апликација не смее да се користи, скратено име или презиме, надимак, неточно име или презиме ( на пример девојачко презиме). Исто така не смее да се користи туѓо име и презиме, и во случаи ако постои дозвола од личноста за внес на нејзино/негово име и презиме ( повеќе во дел 20).

Ако во процесот на регистрација се користи погрешно име и презиме, тоа подразбира дека се постапува спротивно на обврските од овие Општи правила и услови. Како што е наведено во дел 20, такво постапување ќе се смета како забранета активност и постои можност повремено или трајно да се оневозможи или ограничи пристап на МОНА.

Биометрија

Освен со ПИН број (Passcode), Корисникот може да одбере да пристапува на МОНА со користење на биометрија, односно скенирање на отисок од прст, скенирање на лице и сл. ( во текстот што следи ќе се користи зборот “Биометрија” за сите овие примери).

За ова да биде возможно телефонскиот уред треба да поддржува опција пријава со биометрија и таа опција треба да биде активирана.

Ако Корисникот одлучи во процесот на регистрација да активира биометриска пријава, при секое следно најавување на МОНА, има избор дали да ја користи опцијата за најава со внес на Passcode (ПИН кодј) или најава со користење на некое биометриско средство.

Повремено може да се случи во процесот на пристап на апликацијата, автоматски да биде побарано да се внесе Passcode (ПИН кодот), иако Корисникот има активирана биометрија. Тоа се користи единствено со цел за дополнително зајакнување на сигурноста за користење на апликацијата.

Активирање на биометрија за пристап во апликацијата, подразбира дека Корисникот одбира процесот на внес на Passcode (ПИН код) да го замени со скенирање на некое биометриско средство. Сите биометриски средства во телефонот на корисникот (на пример сите собрани отисци на прсти) мора да бидат исклучиво на корисникот кој се регистрира за користење на МОНА. Во случај ако некое од биометриските средства во телефонот не се на корисникот на апликацијата, тоа значи дека некој друг ќе може да пристапи на апликацијата во име на Каросникот. Од таа причина, одговорност е на Корисникот да направи проверка и да се осигура дека сите биометриски средства собрани во мобилниот телефон, припаѓаат исклучиво на тој Корисник (на пример: сите отисци на прсти се исклучиво на сопственикот на мобилниот уред). На тој начин со користење на биометриска најава за пристап на МОНА ќе може да пристапи единствено лицето кое се регистрирало за користење на апликацијата.

Пријавата со биометрија може во било кој момент да се деактивира или да се активира, во профилот на апликацијата.

Регистрираниот Passcode (ПИН код) не може да се деактивира.

Повеќекратна регистрација/најава

Регистрација на апликацијата МОНА, еден Корисник може да направи со користење на еден мобилен уред, и со еден телефонски број.

По направена рагистрација, при следна најава, Корисникот може да се најави и од друг мобилен уред при што задолжително мора да се внесе истиот телефонски број со кој првично била направена регистрацијата. При најава од друг мобилен уред, различен од тој кој бил користен за регистрација, ќе биде побарано од Корисникот повторно да се идентификува електронски и да го потврди електронскиот идентитет, со цел да продолжи да ја користи апликацијата.

Последиците од непочитување на оваа одредба може да се видат во Дел 20.

Право на одбивање пријава/регистрација

Во одредени случаи може да се одбие регистрацијата, активацијата и користење на МОНА. Повеќе детали се наведени во дел 24.

Дел 6: Корисници

Со регистрација на апликацијата физикото лице станува Корисник на МОНА, без разлика дали е веќе постоечки клиент на Капитал Банка АД Скопје.

Во МОНА ќе бидат видливи продуктите кои ќе бидат понудени единствено од мобилната апликација за платежни услуги, а продуктите и сметките од Капитал Банка нема да бидат видливи, и нема да може да се користат преку МОНА.

Дел 7: Повикај пријател

Во профилот на секој Корисник постои можност за избор “Повикај пријател”.

Со избор на оваа опција ќе се појави можност Корисникот да избере контакт од својот телефонски именик или едноставно да го внесе телефонскиот број на кој сака да прати покана за користење на МОНА.

Телефонските контакти кои ќе бидат посочени да им се прати покана за МОНА ќе добијат нотификација со линк за превземање на апликацијата. При прем на линкот ќе биде наведено името на корисникот на МОНА кој ја пратил поканата, со цел лицето кое ја добива поканата да знае од кого е пратена.

Со внес на телефонски број или избор на контакт од телефонскиот именик на кој Корисникот сака да испрати покана за регистрација на МОНА, подразбира дека Корисникот и дава на МОНА налог и одобрение да ги повика новите Корисници во негово име.

Замолуваме оваа функција да се користи одговорно и да не се повикуваат личности кои не ги познавате. Доколку друг Корисник или Корисници Ве пријават за непримерно однесување (на пр. Голем број покани и сл.), а по направена проверка од наша страна утврдиме дека тоа е точно имаме право привремено или трајно да го оневозможиме пристапот и користењето на МОНА.

Дел 8: Сигурност

Мораме заедно да работиме на сигурноста и да напарвиме се што е неопходно заедно со цел да спречиме неовластен пристап и користење на корисничките сметки. На овој начин обезбедуваме заштита на сите кориснички информации и лични податоци.

За таа цел посочуваме насоки за сигурност, кон кои требасекој Корисник да се придржува:

  • Passcode (ПИН кодот) е таен број, познат е само на Корисникот и се користи исклучиво за пристап на МОНА
  • Passcode (ПИН кодот) за пристап на апликацијата никогаш не треба да се запишува и не треба да се открива никому, дури ни на личности на кои Корисникот им верува
  • Никој од нашите вработени нема никогаш да постави прашање и да побара од Корисникот да го каже Passcode (ПИН кодот). Ако било кој Ве праша за Вашиот ПИН број од било која причина, највероватно пробува да Ве измами и затоа не треба никогаш да му се верува или да се открива Вашиот ПИН број
  • Секогаш користете ја најновата верзија на МОНА апликацијата, немојте да прескокнувате ажурирања
  • Секогаш користете најнова верзија на оперативниот систем на Вашиот мобилен телефон и сите сигурносни функции
  • Активирајте барем еден начин на заштита на пристапот на Вашиот мобилен телефон, на пример: код за отклучување на екранот, патерн, отисок од прст или нешто слично. Вашиот мобилен телефон содржи многу тајни информации и лични податоци, затоа заштитете го!
  • Проверете ги податоците за трансакциите во МОНА најмалку еднаш дневно (ако ги користиш). Ако било која трансакција Ви изгледа чудно или сметате дека не е во ред, задолжително контактирајте не (дел 30 за детали)

Совети за избор на сигурен Passcode (ПИН број):

  • Не користете едноставни комбинации т.н. бројни низи или повторувања на броеви како на пример: 1234, 0000, 1111, 5555, 4321, 1212 и слично
  • Не користете едноставни хоризонтални или вертикални низи, на пр. 2580 или 0852
  • Не го користете својот датум или година на раѓање
  • Одберете комбинација од броеви кои само на Вам Ви значат нешто
  • Не користете ист ПИН како за други апликации или пристапи

Ние сметаме дека сигурноста на податоците на Корисникот се најбитни, и затоа Ве молиме да ги следите овие упатства во потполност.

Корисникот превзема целосна одговорност за сите евентуални последици од непридржување кон овие упатства од Општите правила и услови на апликацијата.

Дел 9: Корисничка содржина

Корисничка содржина ги опфаќа сите информации и податоци кои корисникот ги внесува во МОНА – на пример напишан текст во чет разговор со агент за корисничка поддршка, профилна слика, име и презиме, број на телефон и слични лични податоци.

Корисникот е одговорен за составот и содржината на податоците кои се внесуваат во МОНА. Целта е да се заштити директно Корисникот, како и сите останати Корисници на МОНА и да им се осигура на сите еднакво позитивно корисничко искуство. Токму затоа нема да биде дозволено преку МОНА да се праќа и објавува:

  • Пораки, фотографии, видеозаписи или други медиуми кои содржат било каков непримерен, нелегален, неморален или порнографски материјал.
  • Содржина која промовира било каков облик на навреда, омраза или насилство
  • Содржина заштитена со авторски права

При користење на МОНА, може да се побара дозвола од Корисникот за да пристапи на содржините и информациите од мобилниот телефон (на пр. Пристап во именикот на мобилниот телефон, локација или слично).

Ние ја почитуваме приватноста на Корисникот, и за таа цел постои документ (Политика на сигурност), каде е опишано како се заштитуваат личните податоци.

Во случај ако самостојно процениме дека било која корисничка содржина, ги нарушуваа овие Општи правила и услови, го задржуваме правото, во секој момент да тргнеме или одбиеме дистрибуција на таква содржина преку МОНА. Подеднакво го задржуваме правото да ограничиме или оневозможиме користење на МОНА без претходна најава и одговорност. Наведеното важи и во случај кога друг Корисник на МОНА, или трета страна не извести дека содржината која ја користи некој Корисник може да биде спротивена на овие Општи правила и услови.- предупредување

Дел 10: Совесно користење

МОНА е наменета за едноставен и брз безготовински пренос на парични средства и тоа за секојдневна употреба, со цел да се избегнете користењеготовина . Со регистрација на МОНА, Корисникот прифаќа да ја користи апликацијата само за наведените функционалности. Сите функционалности и можности на МОНА мора да се користат внимателно и совесно, без злоупотреба. Под злоупотреба се подразбира било какви незаконски активности, непочитување на овие Општи правила и услови и било какви активности кои би можеле да и наштетат на МОНА, на Банката, на другите корисници на МОНА, или било кое друго правно или физичко лице.

Дел 11: Приватност

Личните податоци на Корисникот се бараат и собирааат со цел да се овозможи законско користење на функционалноста на МОНА и сите поврзани услуги (на пример безготовински пренос на парични средства). Во МОНА треба да се користат точни и целосни информации (на пример точно име и презиме). Исто така доколку се променат некои од податоците на Корисникот (на пример во брак менува презиме, промена на адреса, телефонски бро и сл.), потребно е да се направи ажурирање на податоците. Доколку не се почитуваат овие упатства, сите правни последици за неточни, нецелосни или застарени информации ги превзема лично Корисникот.

Информација за збирката на податоци, целта на користење и обработка е наведена во Политиката за приватност.

ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ

Дел 12: МОНА трансакции

МОНА ги поддршува следниве трансакции:

  • Праќање – пренос на парични средства е платежна трансакција во која Корисникот се јавува во улога на плаќач
  • Примање и барање на парични средства – платежни трансакции во кои Корисникот се јавува во улога на примач на парични средства
  • Надополнување (полнење) и исплата (празнење) на МОНА платежната сметка – што е дефинирано Договорот за отварање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице.

Платежните трансакции кои се реализираат преку МОНА претставуваат неформален начин за делење на трошоците помеѓу два или повеќе корисници на МОНА. Ако пријател побара одреден износ на парични средства од Корисникот на МОНА, исклучиво Корисникот на МОНА одлучува дали да ја реализира трансакцијата со праќање на парични средства или не. Подеднакво исто ако Корисникот на МОНА побара да прими парични средства преку МОНА од пријател кој го познава, пријателот треба да одлучи дали да ја реализира трансакцијата со праќање на парични средства преку МОНА или не.

Користењето на платежна апликација МОНА и сите платежни трансакции реализирани преку МОНА се прават исклучиво на доброволна основа од страна на Корисникот.

Ние не сме одговорни за исполнување/неисполнување на желби или било кој облик на со купување на производи и услуги кои би биле предмет на некоја МОНА трансакција. МОНА трансакција со која се бара прилив на парични средства може да се прати само до Пријатели од кои навистина треба да се прими некаква уплата. Ако се прати барање за плаќање во облик на прилив на платежна сметка до Корисници на МОНА кои Корисникот не ги познава и кои не му должат никакви пари, може да се ограничи или оневозможи користење на МОНА.

Во случаи ако Корисникот има проблем или приговор на некоја транскција, платена роба, услуга, количина, квалитет и слично, ние не сносиме никаква одговорност за тој проблем или приговор. Ваков тип на проблем или приговор мора да се реши со оние од каде е купен производот или услугата и на кого се префрлени паричните средства.

МОНА трансакциите се извршуваат исклучиво во МКД денари.

Дел 13: Откажување МОНА трансакција

Се до моментот до кој примателот ќе ја додаде платежната сметка за примање на парични средства, праќачот како Корисник на МОНА може да го откаже налогот за плаќање. Временскиот период за додавање, отварање на платежна сметка во МОНА е 5 (пет) дена од денот кога делумно е пополнет налогот за плаќање согласно претходниот дел 12. Кога ќе истече тој рок или ако Корисникот претходно ја откаже трансакцијата, ќе се смета дека таа трансакција воопшто не е иницирана преку МОНА.

Ако паричните средства се праќаат на Пријател кој е постоечки корисник на МОНА, тогаш може да се откаже налогот за плаќање се додека не се одбере опцијата “Повлекување на плаќање”.

При правење на меѓубанкарски плаќања, плаќањето може да се откаже се до моментот кога истото ќе биде проследено до меѓубанкарските платни системи.

Дел 14: Одговорност и ваќање на парични средства од МОНА трансакција

Во случаи кога МОНА трансакцијата нема да биде извршена или биде извршена неуредно, ние во одредени случаи сме одговорни за наведеното и имаме одредени обврски кон Корисникот. Информациите за тоа може да се пронајдат во:

  • Општи услови за еднократни платежни трансакции
  • Општи услови за отварање и одржување на платежни сметки и реализирање на услуги од денарски платен промет т.е. МОНА платежна сметка

Сите овие докумени може да се пронајдат на следниов линк:-------

Дел 15: Надоместоци и трошоци

Превземање, инсталација и користење на апликацијата е бесплатно.

Надоместоците за користење на платежни услуги преку МОНА се објавени во Актите на Капитал Банка и претставуваат дел од овие Општи услови.

Периодично ќе се прават измени во висината на надоместоците. Во тие случаеви ќе доставиме известување до Корисниците најмалку 2 месеци пред промените да стапат во сила. Ако Корисникот не се согласува со промените во надоместоците, може да поднесе барање за затварање на платежна сметка и дебитна картичка МОНА. Со деинсталација на апликацијата од мобилниот телефон не се прави автоматско затварање на платежната сметка.

Дел 16: Лимити

Погоре беше наведено дека МОНА претставува апликација за неформален начин на поделба на трошоците помеѓу Пријателите и не го заменува традиционалното банкарство каде се вообичаени трансакции со повисоки износи. Токму затоа одредени се максимални износи на трансакции кои можат да се платат или примат преку МОНА ( во текстот што следува ќе се користи термининот “ Лимити”).

Лимитите за МОНА трансакции се однесуваат исклучиво на единствен Корисник (Кориснички пристап/сметка) и не се поврзани со лимитите кои се поставени на сметките и картичките. Доколку лимитите на Корисничката сметка МОНА на Корисникот се пониски од лимитите кои се наведени за платежната сметка и дебитна картичка ќе се применуваат лимитите од платежната сметка и картичка.

Преглед на лимити

Минимален износ за било која трансакција преку МОНА е 1 мкд, за секој поединечен учесник во една платежна трансакција.

  • Дневни лимити – во рамките на еден ден може да се плати максимален износ од 800 ЕУР. Ако во рамките на еден ден се направат повеќе трансакции од страна на еден Корисник збирот на износот на сите трансакции не смее да надмине 800 ЕУР.
  • Месечен лимит – во рамките на еден календарски месец може да се плати максимален износ од 6.000 ЕУР, независно од тоа дали се работи за плаќања кон еден Пријател или група на Пријатели, дали за една и за за група од повеќе трансакции. При поголем број на МОНА плаќања во еден месец, збирот на сите поединечни трансакции во тој месец не може да биде поголем од ЕУР 6.000.

Во рамките на законската регулатива, активно ќе се прави следење на сите трансакции на Корисниците на МОНА. Ако се процени дека постои закана за сигурноста на Корисниците или за сигурноста на платежната апликација, постои можност во било кое време привремено да се активираат и други дополнителни лимити за плаќање, примање, пренос и слично и тоа на било која МОНА трансакција.

Ние го задржуваме правото на промена на овие лимити, преку измена на Општите правила и услови, со претходна најава, без да сносиме никаква одговорност.

Исто така се задржува правото на ограничување на бројот на трансакции, лимит по трансакција, дневни или месечни лимити во случаи кога постои сомневање или кога е утврдено непочитување на одредбите на овие Општи услови и правила.

Дел 17: Информирање Пријател

Ако во МОНА трансакциите Корисникот се појавува во улога на Пријател (примач на прилив на парични средства), по извршување на трансакцијата ќе ги добие следниве детали:

  • ID на трансакција
  • Износ и валута на трансакција
  • Датум на трансакција
  • IBAN број на сметка на праќачот
  • Има и презиме на примачот или името на Трговецот

Дел 18: Забранети трансакции

Со прифаќање на овие Општи правила и услови Корисникот се обврзува дека нема да ја користи МОНА за:

  • Купување или продажба на било која врста на оружје
  • Купување и продажба на контролирани супстанци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на наркотици и/или додатоци
  • Активности поврзани со коцкање, вклучувајќи но не ограничувајќи се на спортски кладења, игри во казина, трки, лотарија, игри на среќа, наградни игри, игри кои можат да се класифицираат како коцкање (на пр. Покер) или други слични активности. Свесни сме дека коцкањето може да биде правно дозволено, но за жал нема да дозволиме употреба на МОНА за такви видови на активности, освен во посебни случаеви кога вакви трансакции би се реализирале кај Трговци кои имаат изричито одобрение од наша страна.
  • Финансиски криминал, перење пари или финансиски тероризам
  • Било какви Понзи шеми, пирамидални шеми или маркетиншки програми.
  • Стоки или услуги кои ги кршат авторските права, права на заштита или сопственост кон важечките закони или на друг начин претставуваат фалсификувана роба
  • Услуги за кредитирање, рефинансирање или слично
  • Судски наложени плаќања, плаќање на данок или слични давачки
  • Било каква активност за пренос на средства за трета личност. Ако се прифаќаат парични средства од други праќачи и понатаму лицето кое ги примило ги препраќа во име на првиот праќач, можно е да се прекршат важечките закони и затоа тоа не е допуштено.
  • Купување роба од пазари за скриени услуги како “Тор” или “Darknet” пазари или било кои други услуги или web страни кои делуваат како пазар за нелегална роба (иако таквиот пазар може да продаде исправна, легална роба)
  • Купување или продажба на содржини за возрасни
  • Купување или продавање на стоки и услуги од физички или правни лица кои не се Трговци
  • Праќање на парични средства на самиот себе си, освен ако тоа не се однесува на полнење на МОНА сметка
  • Трансакции кои на било кој начин се спротивни на Одредбите од овие Општи правила.
    Во случаи ако се сомневаме или приметиме извршување на забранети трансакции , постои можност за привремено или трајно ограничување на користење на МОНА согласно законските насоки. Дел 19: Данок Опис каде Корисникот може да види историја на трансакции во кое поле од МОНА... Одговорност на Корисникот е да утврди дали врз основа на историјата на трансакции има обврска да плати некој данок и доколку има уредно да се плати данокот ја надлежното државно тело. Самата апликација нема одговорност да ја одреди обврската на Корисникот да плати одреден данок ниту за обврската да се реализира плаќањето за тој данок. Преодни и завршни одредби Дел 20: Крај на користење Корисникот може да одлучи да престане да ја користи МОНА во било кој момент. Ако во тој момент се уште Корисникот има активни трансакции, тие ќе се извршат регуларно, односно Корисничката сметка на МОНА ќе биде активна се до моментот на целосна реализација на активните налози и до моментот на затварање на платежната сметка, освен во случаи кога од страна на давателот на платежни услуги ќе биде одлучено ограничување или укинување на можноста за користење (наведено подолу во текстот). Исто така постои можност, МОНА да одлучи за привремено или трајно ограничување или укинување на користење на апликацијата или користење на услуги поврзани со апликацијата. Ваква ситуација би можела да се случи ако:
  • Не се почитуваат одредбите на овие Општи правила и услови , Актите на Капитал Банка или било кој друг поврзан документ
  • Согласно важечки законски прописи, или на барање на овластено државно или друго тело
  • При користење на неточни или застарени податоци од страна на Корисникот ( на пр. Име и презиме)
  • 3 пати згрешен ПИН при пристап во апликацијата
  • При сомневање или потврда за учество на Корисникот во измами, перење пари, финансирање на меѓународен тероризам или други нелегални или неморални активности
  • При сонмневање или потврда дека некое друго лице пристапува на профилот на Корисникот на МОНА
  • При сомневање или потврда на можноста да се создаде ризик за работењето на МОНА
  • Во случаи ако преку МОНА се промовира или спроведува било каков облик на навредување, омраза или насилство
  • Ако се пробува регистрација на МОНА на повеќе од еден мобилен телефонски број
  • Доколку во Мона се додаде или се користи платен инструмент (на пр. Картичка или платежна сметка) издадени на друга личност.
  • Во случаи кога други или друг Корисник направи пријава за недолично однесување (на пр. голем број на барања за праќање на парични средства без никаква основа, голем број на јавувања, пораки и слично) , и по направена поверка се докаже дека тоа е точно.
  • Ако постои сомневање или потврда за користење на МОНА за деловни или комерцијални потреби без одобрение од наша страна
  • Во случај на смрт на Корисникот

Со цел заштита на Корисниците и спречување на вакви и слични ситуации а при тоа почитување на законските и други обврски, може ( меѓу останатото) да се користат и обработуваат личните податоци на Корисниците. Повеќе детали за обработка на лични податоци може да се најдат во Политиката за приватност.

Постои можност за ограничување на користење на платежната апликација во било кој момент и тоа без никакви правни одговорности или обврски кон Корисниците. Проценката за тоа е наша обврска и за тоа не сносиме никаква одговорност.

Дел 21: Правни последици

Поврзано со правните последици, се смета важноста на трансапарентност. Токму затоа овој дел е наменет за одговорности и обврски. Кој за што е одговорен? Што може да се очекува од давателот на платежни услуги? Што се очекува од Корисникот? Одговорот на овие прашања може да се прочита подолу во текстот.

Корисничка сметка

Корисничката сметка е единствена за секој корисник и е поврзана со телефонскиот број на Корисникот. Тоа подразбира дека одговорноста за чување на сигурноста на Корисничката сметка, телефонскиот мобилен апарат и телефонскиот број е исклучиво на Корисникот. Поедноставно одговорност за секоја исправна или неисправна штета направена на Корисничката сметка ќе биде резултат на непридржување кон овие Општи правила и услови.

Обврска на Корисникот е секогаш веднаш да го извести давателот на платежни услуги во случаи ако дознае или се сомнева дека некој друг ја користи неговата/нејзината корисничка сметка или го гористи мобилниот број на телефон, во случај да примети нешто необично, ако мобилниот телефон преку кој се користи МОНА е изгубен или украден. Секоја одговорност до моментот на пријава паѓа на товар на Корисникот. Повеќе е наведено во дел 30.

Постои можност системски да се ограничи пристапот на МОНА на било кој Корисник доколку постои сомневање или сознание дека не се следат и почитуваат Одредбите од овие Општи услови или било кои законски прописи. Ако причината за ограничување на пристапот и користење на апликацијата во одреден момент престане постои можност на Корисникот повторно да му се овозможи пристап и користење на МОНА.

Трансакции

Одговорноста за сите податоци кои се потребни за извршување на трансакција е на Корисникот. Условите за користење на функционалности кои вклучуваат платежни трансакции (праќање, примање на парични средства, барање за трансфер на парични средства и сл) се наведени во делот “Платежни трансакции во апликацијата МОНА” во овие Општи Услови и правила.

Исклучување од одговорност

МОНА не е одговорна за штета или потенцијални загуби предизвикани од:

  • Недостапност на МОНА и нашите платежни услуги
  • Недостапност на интернет врска на мобилниот телефон на Корисникот или на МОНА архитектурата
  • Недостапност на услугите за електронско банкарство настанати како последица на технички проблеми на нашата или опремата/уредите на Корисникот
  • Испад на електроенергетскиот систем
  • Исполнување на нашите законски обврски и упатства од Регулаторот
  • Блокада на пристапот на Корисникот ( на пример во случаи кога не се почитуваат Општите правила и услови)
  • Непредвидени околности (природни катастрофи, епидемија, виша сила и сл)
  • Последица на неажурирање на МОНА апликацијата или оперативниот систем на мобилниот телефон
  • Вируси, spyware или malware
  • Phishing, spoofing и останати напади
  • Најава и користење на МОНА апликација, ако најавата е извршена со биометриско средство кое е додадено во телефонот на Корисникот, а не му припаѓа нему
  • Најава и користење на МОНА со внес на ПИН број кој намерно или случајно е споделен со некого
  • Деактивирање, недостапност, успореност или непримени нотификации на мобилен телефон од било која причина
  • Користење на навредливи, дискриминаторски или други непримерни содржини
  • Користење нелегални содржини, соджини заштитени со авторски права и слично
  • Загуби кои би можеле да настанат ако навремено не се добие известување од Корисникот за изгубен или украден мобилен телефонски апарат
  • Загуби зкои би можеле да настанат како резултат на ненавремено известување за сомнителни или неточни трансакции
  • Загуби или штети кои би можеле да настанат ако се користи МОНА на сомнителен или нелегален начин
  • Загуби или штети кои би можеле да настанат ако во апликацијата се користат услуги за локација за било која цел, без адекватна проверка на исправноста на локацијата односно точност на локацијата
  • Загуби или штети кои би можеле да настанат ако пред потврда на плаќањето не се проверат внимателно сите детали поврзани со плаќањето преку МОНА.
    Апликација и услуги Превземање, инсталација и користење на апликацијата е одговорност на Корисникот. Не се превзема никаква одговорност и гаранција за функционирање на апликацијата или апсолутна точност на сите податоци, доставени прку апликацијата. Нашите услуги користат содржини добиени од трети страни (на пр. Пријател). Таа содржина е одговорност на третата страна која ја става на располагање и користење и може да биде заштитена со интелектуални права. Во одреден преоден временски период постои можност за делумно или целосно деактивирање на одредени услуги во апликацијата, заради одржување или подобрување на сигурноста. За деактивирање или недостапност не е потребно посебно одобрување од Корисниците, и при тоа не превземаме никаква одговорност од последиците за недостапност. Забранети активности Со прифаќање на овие Општи услови и правила за користење на МОНА, Корисниците се обврзуваат дека:
  • Нема да ги прекршат (или да и помогнат на некоја трета личност да ги прекрши) одредбите на важечки прописи во РСМ
  • Нема намерно да се обиде да направи измама (или да и помогне на трета личност да направи измама) кон МОНА или било кој Корисник на МОНА
  • Нема да доставува неточни, лажни или застарени информации
  • Нема во процесот на регистрација да внесува туѓо име и презиме, иако за тоа може да има дозвола од личноста чие име и презиме го внесува
  • Нема да превзема активности кои би сметале на било кој систем, податок или информација,
  • Нема да направи ништо што ќе доведе до оневозможување, преооптоварување или оштетување на правилното фунционирање и изгледот на МОНА по пат на негиран напад или успорување
  • Нема да учестува во трансакција која вклучува средства стекнати преку нелегални и/или неморални активности
  • Нема да пренесе или користи вирус, црв или друг злонамерен код или програм
  • Нема да се обиде да добие неовластен пристап до платежни средства на други Корисници на МОНА, web адреси на МОНА или други поврзани мрежи и системи
  • Нема да се обиде да ги заобиколи поставените лимити на било кој начин
  • Нема да ја користи МОНА и нејзините поврзани услуги во име на трета страна или на некој друг начин нема да делува како последник помеѓу МОНА и било која трета страна.
  • Нема да собира содржини или податоци за дуги Корисници на МОНА на било кој начин (вклучивајќи меѓу другото и автоматизирани начини по пат на harvesting, ботови, роботи, спајдери или скрепери)
  • Нема да наклеветува, вознемирува, злоставува, застрашува или да ги крши правата на приватност на други Корисници на МОНА
  • Нема да ги крши правата на интелектуалната сопственост на МОНА
  • Нема да пренесува, прикажува пораки, фотографии видеозаписи или друг медиум кои содржат илегални производи, порнографски, насилни, непристојни или материјали заштитени со авторски права
  • Нема да објавува содржини од комерцијална природа (огласи, спам пораки и слично)
  • Нема да објавува документи и/или податоци кои може да се сметаат за лични, осетливи, доверливи или тајни (дел 9).

Виша сила

МОНА не е одговорна за каснење, грешка или недостапност која би произлегла од било какви невообичаени или непредвидливи околности, надвор од наша контрола, чии последици не можат да се одбегнат и покрај сите наши напори за спротивното, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на активности или владини мерки, терористички акции, земјотрес, пожар, епидемија, поплави, или други елементарни непогоди, услови за работа, каснења или неисполнување или неуспех предизвикан од проблеми со други системи или мрежи, механички грешки или грешки во обработка на податоци или каде постојат обврски согласно други законски одредби.

Ограничено право на користење

Корисникот добива ограничено, неексклузивно, неприлагодено и непреносливо право на користење на МОНА, во согласност со овие правила и услови за пристап и користење на платежни услуги исклучиво за одобрени цели како што е наведено. Ние ги задржуваме сите права за МОНА и овие Општи правила и услиги. Овие договорни одредби не даваат никакви права или лиценци освен за ограничено користење кое е наведено во овој Документ. Изричито е забрането директно, индиректно, делумно, целосно или на било кој друг начин да се врши модификација на МОНА, да се врши инверзен инженеринг, копирање, препишување, изнајмување, давање под закуп, да се продава, дистрибуира или да се создаваат изведени апликации темелени на МОНА. Ако се прекши некоја од овие одредби или било кој дел од овој Документ може да се оневозможи користење на МОНА, а по потреба и да се покрене постапка за одговорност пред надлежно телот. Името на апликацијата МОНА , и секое лого кое се однесува на МОНА се заштитни знаци или регистрирани ознаки. Не смеат да се копираат, имитираат или користат без претходно писмено одобрение.

Со овој Документ се дава право на Користење на МОНА и нејзините платежни услуги, но сите права на интелектуална сопственост на апликацијата и сите права поврзани со неа припаѓаат на давателот на платежни услуги Капитал Банка АД СКопје.

Дел 22: Измени

Овие општи правила и услови може да се најдат на web страната—линк.

Давателот на платежни услуги го задржува правото да изврши промена на овие Општи правила и услови. За секоја промена Корисникот ќе биде известен преку електронски облик на комуникација од дел 26, најмалку 15 дена порано пред промените да стапат на сила. Доколку овие Општи правила и услови претставуваат составен дел на Рамковниот договор за платежни услуги склучен со Банката , тогаш известувањето за промена ќе се достави 2 месеци однапред пред да стапат на сила промените. Временскиот период во кој се најавува промената е потребен за да може Корисникот да прочита и да разбере на што се однесуваат промените и да има време да одлучи дали сака да ги прифати промените во Општите услови и правила. Исто така постои можност да се променат или додадат некои детали во моментот кога ќе настане промена во прописите. Во такви случаеви кои се однесуваат на законски промени, мора да се почитуваат промените на прописите и затоа промените во овој Документ ќе се најават најмалку 2 месеци пред да стапат на сила. Ако Корисникот не се согласува со промените во Општите Правила и услови може да поднесе барање за затварање на платежна сметка и дебитна картичка МОНА, и откако ќе добие потврда дека истите се затворени, може да направи деинсталирање на апликацијата од својот мобилен телефон.

Ако по стапување во сила на новите Општи правила и услови Корисникот продолжи да ја користи апликацијата МОНА ќе се смета дека одредбите на новите Општи правбила и услови се прифатени.

Дел 23: Јазик

Во апликацијата МОНА се користи македонски јазик, англиски и албански јазик, и истата е наменета за Корисници кои ги разбираат овие јазици. Општите правила и услови за користење на апликацијата за платежни услуги МОНА се преведени на погоре наведените 3 јазици.

По направена регистрација Корисникот ќе има можност да избере на кој од трите јазици сака да ја користи апликацијата. По направен избор на јазик, сите полиња, опции и функционалности на МОНА ќе бидат напишани на јазикот кој ќе биде избран.

Договорните документи за користење на платежни услуги преку МОНА ќе бидат напишани исклучиво на македонски јазик.

Во рамки на корисничка поддршка ќе се користи македонски и англиски јазик. За сите останати јазици не сме во можност да пружиме поддршка. Доколку и покрај тоа Корисникот сака да продолжи комуникација на јазик кој не се поддршува од страна на перосналот на МОНА, ќе треба на свој трошок да ангажира судски овластен преведувач кој ќе послужи како посредник во комуникацијата и преводот.

Дел 24: Право

Правото на Република Северна Македонија се применува на овие Општи правила и услови, како и на меѓусебните права помеѓу давателот на платежни услуги и Корисникот. Во случај на спор кои би произлегол од деловниот однос со Корисникот е надлежен основниот суд во Скопје, освен ако изрично не е договорено поинаку, односно ако не постои исклучива надлежност на друг суд или надлежно тело. Составен дел на Овие општи правила и услови се Актите на Банката – Општи услови кои се применуваат на МОНА трансакции (дел 12), Термински план, и Одлука за надоместоци за платежни услуги направени преку МОНА, т.е. Општи услови за МОНА платежна сметка.

Дел 25: Потврда

Со континуиран развој на МОНА постои можност за промена на одредени функционалности, некои постоечки да се укинат или да се додадат нови. Се надеваме дека промените ќе ги исполнат очекувањата на Корисниците , но не постои правна потврда дека тоа секогаш ќе биде така.

Дел 26: Комуникација и приговори

Секој Корисник може да побара помош, поддршка, да изрази свое мислење или идеја преку функцијата “Помош” во МОНА или на контак податоците наведени подоле.

Ако Корисникот смета дека со користење на МОНА е повредено некое негово право, или е незадоволен од услугите на Капитал Банка кои се веќе договорени или постои намера да се договорат, може да се прати писмен приговор на:

  • Официјалната адреса на Капитал Банка АД Скопје, ул. Никола Кљусев бр. 1, 1000 Скопје, до Служба за корисничка поддршка и управување со квалитет на услугите
  • Средства за мрежна комуникација – со користење на online/web форма за приговори достапна на интернет страната mona.com.mk
  • Писмен приговор предаден во експозитурите на Капитал Банка АД Скопје со назнака дека станува збор за приговор

Постои интерно тело, кое ќе постапи по поднесениот приговор и ќе достави одговор до Корисникот.

Приговорот треба да содржи име и презиме, детален опис на настанот или ситуацијата (сите причини и околности со наведување на релевантена даа) и доколку е возможно и доказ кој ќе се приложи со цел да се докаже дека приговорот е валиден. Пожелно е да се наведе контакт телефонски број од Корисникот кој поднесува приговор. Ако се достави опис на настанот/ситуацијата и/или доказ кој не е потполн, можно е да се побара дополнување на приговорот. Не прифаќаме одговорност за штетните последици кои евентуално би настанале од непотполн приговор.

Одговорот на приговорот ќе биде напишан како допис или на друг траен медиум во рок од 10 дена од денот на прием на приговорот. Ако не може да се достави одговор во наведениот рок од причини кои се надвор од наша контрола, одговор ќе биде проследен во рок од 35 дена.

Ако приговорот се однесува на делот на платен промет и ако Корисникот не е задоволен од конечното решение на приговорот, може да се обрати до Агенција за заштита на потрошувачи на РСМ како тело за алтернативно решавање на спорови со потрошувачи на адреса... или web страна..., за што Банката е должна да учествува во таа постапка.

Може да се упати и писмен приговор до Народна Банка на РСМ.

Со прифаќање на овие Општи правила и услови Корисникот прифаќа да биде контактиран од страна на давателот на платежни услуги. За комуникација ќе се користи профилот на МОНА и сите други канали кои се познати и достапни.

Целта на таа комуникација може да произлезе од:

  • Известувања за пораки кои еден Корисник ги добива од други Корисници на МОНА
  • Известувања за МОНА трансакции
  • Потстетник за времето на истекување на МОНА трансакција
  • Известувања за плаќања кон трговци
  • Известувања за евентуална недостапност
  • Известувања за промена на функционалноста на апликацијата и слично

Електронски облици на комуникација се: СМС, ММС, push нотификации, екрани во МОНА, е-маил адреса и сите останати облици на комуникација достапни преку МОНА или користење на контакт податоци, кои Корисникот ги доставил преку апликацијата (број на телефон, е-маил адреса и сл.).

Стапување на сила

Овие општи услови стапуваат на сила на 01.10.2024 година.